Тепаниот Топалоски ја смени изјавата: Нефи Усени бил и ќе остане мој пријател

Добив удар од позади грб и поради стресот што го добив сум стекнал погрешен впечаток дека Нефи Усеини има пиштол. Ова е дел од изјавата на охриѓанецот Спирко Топалоски кој завчера пријави дека бил нападнат од советникот на ДУИ во општина Охирд, Нефи Усеини. Додека полицијата трага по браќата Усеини за кои веќе е одреден и осумдневен притвор за нападот на Топалоски, нападнатиот сам преку својот адвокат сега ја менува својата изјава. 

Првата изјава на Топалоски беше дека Нефи го тепал и замавнувал со пиштол пред очите на неговиот малолетен син, а сега тврди дека Усеини бил и ќе остане негов пријател.

Изјавата на Топалоски до јавноста ја испрати неговиот адвокат Кристијан Спироски 

„Јас Спирко Топалоски сега во добра здравствена состојба, сакам да ги демантирам написите кои деновиве  излегоа во јавноста, надвор од контекст и надвор од се што се случи критичниот ден. Од еден немил настан и расправија, која произлезе најверојатно од политички причини односно од структури замене непознати со цел да се дискредитира неговото име и да се наруши нашето пријателство се направи филм.  Додека јас и Нефи разговаравме, добив удар од задната страна и од стресот што го добив, особено и поради тоа што мојот син беше присутен добив погрешен впечаток за се. Да бидам искрен оружје не видов, но во целата таа паника што настана се стекнав со таков впечаток како да има пиштол, а всушност немаше. Сакам да потенцирам дека се работи само за едно недоразбирање, кое е надминато. Нефи бил и ќе биде мој пријател. Би ја замолил јавноста и медиумите да се занимаваат со други поважни, а не вакви исконструирани настани“, пишува Топалоски во писмениот допис кој го објави Охрид 1. 

Инаку Усеини и неговиот брат се осомничени за кривичните настани „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави