Се укинува европскиот сертификат за влез во Грција од 1 мај

За влез во Грција од 1 мај нема да биде потребно приложување на задолжителниот европски сертификат за вакцинација, прележан Ковид-19 или негативен тест. Ваквата одлука била донесена по препорака на Комисијата на епидемиолози која меѓу другото побарала суспензија на ковид пропусницата, заедно со враќање на исполнетоста на објектите на 100 отсто од капацитетот.

Сите препораки на комисијата биле прифатени од Владата, а според насоките од Министерството за здравство, деталите ќе бидат објаснети во новата министерска одлука што ќе биде објавена во Службен весник на Грција.

Последната ваква одлука која беше донесена од грчките институции во сила е до 1 мај, во шест часот наутро.

Пред две седмици, министерот за здравство соопшти дека од 1 мај до 31 август привремено се укинува и задолжителниот сертификат за влез во речиси сите затворени објекти во земјата.

Total
14
Shares
Поврзани објави