Сите руски заробени војници ќе бидат кастрирани? – шокантни изјави на украински правник

Сите руски војници кои ќе бидат заробени од украинската доброволна медицинска единица ќе бидат кастрирани, изјави командантот на тој оддел Генадиј Друзенко на националната телевизија „Украина 24“.

Тој рече дека „лебарките“ не го заслужуваат правото на репродукција. Друзенко, кој од руските медиуми го доби прекарот доктор Менгеле, по професија е правник.

Тој прво го осуди САД поради неподготвеноста да војуваат со Русија во име на Украина, пред да проговори за третманот што ги чека руските затвореници кои ќе паднат во негови раце.

-Отсекогаш сум бил голем хуманист. Секогаш кога некој беше ранет, тој веќе не ми беше непријател, туку пациент. Сега им дадов наредба на сите мои лекари – сите заробени Руси да бидат кастрирани. Тоа се „лебарки“, а не луѓе – рече Друзенко.

Total
8
Shares
Поврзани објави