Спасени двајца планинари на Шар Планина

Дирекцијата за заштита и спасување денеска објави дека успешно спасила планинари на Шар Планина во близина на границата меѓу Македонија и Косово.

Двајцата планинари пријавиле дека се повредени, а се наоѓале над селото Вешала, на патека што води кон врвот Кобилица.

Реагирала тетовска подрачна единица на Екипата за брз одговор за спасување од планина при Дирекцијата за заштита и спасување.

Еден од планинарите бил повреден и нему му е извршено брза санација на коленото.

Екипите на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со планинарите се упатиле кон Вешала.

Total
11
Shares
Поврзани објави