Столтенберг, потврди дека ракетите кои експлодираа на територијата на Полска синоќа, убивајќи двајца цивили, не биле истрелани од Русија, туку од Украина

По американскиот претседател Бајден, попладнево и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврди дека ракетите кои експлодираа на територијата на Полска синоќа, убивајќи двајца цивили, не биле истрелани од Русија, ниту пак се резултат на намерен напад.
Според Столтенберг, нема никакви индикации дека Русија подготвува офанзивни воени дејствија против НАТО.
Генералниот секретар на Алијансата сепак е првиот високо рангиран западен лидер кој официјално потврди дека ракетата која експодираше во Полска, заканувајќи се да ги детонира и односите меѓу Русија и НАТО, била истрелана од Украина. Сепак, според Столтенберг, тоа не значи дека Украина е виновна за инцидентот.
„Нашата прелиминарна анализа сугерира дека инцидентот најверојатно беше предизвикан од проектил на Украинската против-воздушна одбрана, истрелан во одбрана на украинската територија против нападите со руски крстосувачки проектили. Но, дозволете ми да бидам јасен. За ова не е виновна Украина. Крајната одговорност е кај Русија, додека продолжува со својата незаконска војна против Украина“ – изјави Столтенберг.

Total
6
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Се пука во Косово

Пред повеќе од половина час одекна рафал од огнено оружје и најмалку една детонација во поширокото подрачје на…