Теута Арифи позитивна на КОВИД-19, иако вакцинирана со две дози

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи објави дека од вчера е позитивна на ковид-19 и дека има благи симптоми, а пред месец и пол ја примила втората доза на вакцината. Таа вели дека благодарение на вакцинацијата сега има само благи симптоми и ги охрабрува сите што поскоро да се вакцинираат.

„Иако ја примив втората доза на вакцината пред повеќе од месец и пол, вирусот е сè уште меѓу нас и може секого да погоди! Благодарение на вакцинацијата сега имам само благи симптоми, па ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што поскоро! Останете внимателни и одговорни, заштитете се себеси, семејството и другите околу вас!“, објави на Фејсбук Арифи и рече дека ќе остане во изолација и ќе ја зема соодветната терапија, според здравствените протоколи.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Припадникот на српската војска кој учествуваше во судирот кај Ушче имал алкохол во крвта: Со оклопно возило преминал од другата страна на патот и убил три деца!

Припадниците на српските вооружени сили не смеат да имаат алкохол во крвта, односно алкотестот не смее да покажува…