9- годишно дете се бори за живот во Ургентниот центар во Скопје, а 70 годишна жена починала на самото место по пад од балкон синоќа во скопската населба Кисела вода, објави Канал 5 телевизија.
Од МВР за Канал 5 го потврдуваат настанот, но не даваат детали во интерес на истрагата.
Не е познато под кои околности жената скокнала од балконот и дали детето било со неа во тој момент или паднало претходно.
Детето е во стабилна состојба, но има повреди на повеќе системи, почнувајќи од главата, има повреди на ребрата и на внатрешните органи. Направени се дополнителни иследувања. Детето дише самостојно, со кислородна поддршка и без механичка вентилација. Не е потребен оперативен зафат засега, изјави за Телма во телефонски разговор, д-р Лазо Јавчески, в.д. директор на Клиниката за Детска хирургија.