Туфекџиќ : Ако нема напредок поради нарушен систем на вредности, судиската функција нема смисла

Судијата Владимир Туфекџиќ се откажа од судиската финкција и заминува во адвокатура. Судијата одлуката ја соопсти преку ФБ статус и појасни:

Денеска после долго размислување до Судскиот совет на РСМ поднесов барање за престанок на вршење на судиската функција по сопствено барање, заклучно со 01.12.2021 година.Судиската функција ја доживувам како престижна статусна функција која претставува предизвик, да се реализира судија од кариера преку постојано едуцирање и напредок во кариерата. Доколку не се оствари напредувањето во кариерата, како основна цел, мотив и двигател во секоја работа, особено на судиската функција, поради нарушен систем на вредности, тогаш започнува да се губи смислата и мотивот да се продолжи понатаму во истиот амбиент.После престанокот на мандатот, мојата кариера ќе ја продолжам понатаму како дел од угледна адвокатска канцеларија и ќе продолжам да се залагам за воспоставување на вистинските вредности и вреднување, особено за целосно елиминирање на политиката и политичките влијанија во правосудството.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Попладне пороен дожд

Времето денеска ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Попладне се очекува да…