Најитната задача на Советот за безбедност е да биде проактивно ангажиран за ставање крај на војната во Украина, порача Пендаровски од Њујорк

Најитната задача на Советот за безбедност е да биде проактивно ангажиран за ставање крај на војната во Украина. Единствениот начин да се постигне оваа цел е преку дипломатија и преговори, засновани на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, порача претседателот Стево Пендаровски од Њујорк во обраќањето на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност на тема „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективен мултилатерализам: одржување на мирот и безбедноста во Украина“.

„За таа цел, првиот чекор треба да биде итно и безусловно примирје, за да се создаде амбиент за почеток на преговорите. Во текот на целиот процес, Обединетите нации треба да воспостават мировна мисија со главна задача да го надгледува примирјето и хуманитарната помош за цивилите“, рече Пендаровски.

Според него, клучните компоненти на идниот мировен договор треба да бидат, прво, целосно почитување на територијалниот интегритет на Украина, целосно повлекување на руските трупи, овозможување враќање на сите бегалци и внатрешно раселени лица во нивните домови, голема поддршка за постконфликтна обнова на уништената земја и меѓународни гаранции за правата на сите етнички и верски заедници кои живеат во Украина со векови.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Дете падна од тераса

Седумгодишник паднал од тераса вчера во Кавадарци по што бил пренесен на скопските клиники, информираше денеска Верољуб Додевски,…