Уапсен основачот на криптоберзата FTX

Полицијата на Бахамите го уапси Сем Бенкмен-Фрид, основачот на неуспешната платформа за тргување со криптовалути FTX, објави јавниот обвинител на земјата.

Банкмен-Фрид денеска треба да се појави пред суд, пренесува Би-Би-Си. Полицијата соопшти дека Банкмен-Фрид е уапсен поради „финансиски прекршувања“ на законот во САД и на Бахамите.

Минатиот месец, FTX поднесе барање за банкрот во САД, оставајќи многу корисници без можност да ги повлечат своите средства.

FTX им должи на своите најголеми 50 доверители речиси 3,1 милијарди долари, според Би-Би-Си.

Не се знае колку пари ќе добијат луѓето кои имаат средства на оваа платформа по завршувањето на стечајната постапка, иако многу експерти предупредуваат дека тоа би можело да биде мал дел од она што го депонирале.

Платформата FTX им овозможи на клиентите да разменуваат нормални пари за криптовалути, како што е биткоинот.

Total
0
Shares
Related Posts