Убиецот на мајката и бабата во Скопје веројатно е психички болен. Откако ги извршил двете убиство во неговиот стан на улицата „Рузвелтова“, отишол во болница каде побарал да биде уапсен. На лекарите им рекол дека убиството го извршил од семејни причини и оти заслужува да оди во затвор. Лекарите ја известиле полицијата и веднаш бил уапсен. Двете тела на жртвите, едната на 60, а другата на 80 години, се испратени на обдукција.
Од Јавното обвинителство не даваат повеќе детали, каде е осомничениот и со што го сторил делото. Извори од истрагата брифираат дека жртвите биле претепани, избодени и заклани.