Убиството на британскиот пратеник е терористички чин, смета полицијата

Пратеникот од редовите на Конзервативната партија почина откако беше избоден на средбата со гласачите во својата изборна единица во Есекс

Британската полиција соопшти дека убиството на долгогодишниот член на британскиот парламент Дејвид Амес е терористички чин и веруваат дека напаѓачот го извршил делото сам.

Лондонската полиција ги соопшти првичните резултатите од истрагата, а тие покажуваат дека постои шанса мотивот за нападот да е поврзан со исламистички екстремизам.

Пратеникот од редовите на Конзервативната партија почина откако беше избоден на средбата со гласачите во својата изборна единица во Есекс. Полицијата кажа дека 25-годишник е уапсен во врска со нападот во црквата во Леј, кој се наоаѓа на шеесетина километри источно од Лондон.

Дејвид Амес е член на Британскиот парламент од 1983 година. Оженет е, и има пет деца.

Тој беше познат како социјален конзервативец, голем противник на абортусот и се залагаше за благосостојба на животните.

Total
2
Shares

USJE
Поврзани објави