Улица во Скопје ќе го носи името на Аки Рахимовски

Улица во центарот на Скопје ќе го носи името на Аки Рахимовски пејачот на групата „Парни Ваљак“, кој почина на 22 јануари.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска синоќа најави дека ќе предложи Советот на Град Скопје да донесе одлука, улица да биде именувана според легандарниот хрватски пејач со македонско потекло.

„Како градоначалник на Град Скопје, денес иницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски“, напиша Арсовска на својот фејсбук профил.

Рахимовски вчера беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме. Рахимовски, кој е роден во Ниш, но пораснал во Скопје, беше испратен на последното почивалиште со македонската народна песна „Зошто си ме мајко родила“, која му била една од најомилените.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Паралелното мерење на PM10 честички во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите на воздухот измерени на други мерни станици

Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите…