УНЕСКО донесе предлог одлука Охридскиот регион да биде ставен на листата на светско наследство во опасност

На состанокот од 16 до 31 јули на Комитетот за Светско наследство во Фужоу, Кина, ќе се формализира одлуката Охридскиот регион да биде ставен на листата на светско наследство во опасниост, заедно со Венеција и Будимпешта.

„Комитетот за Светско наследство одлучи да го впише природното и културното наследство на Охридскиот регион (Албанија, Северна Македонија) на Листата на светско наследство во опасност.

Комитетот за Светско наследство бара од двете земји да развијат детален стратешки план за санација и акциски план во фази поврзан со јасно дефинирани цели и исходи за да се ублажат заканите на краток и долг рок.

Комитетот за светско наследство, исто така, бара од двете држави, во консултација со Центарот за светско наследство да развијат предлог за посакувана состојба на заштита, која кога ќе биде постигната би се отстранил Охридскиот регион од Листата на светско наследство во опасност, како и пакет на корективни мерки, вклучувајќи временски рокови за нивна имплементација“, стои во предлог-одлуката на УНЕСКО.

Причинита за овој предлог се наодите на Реактивната мониторинг мисија од 2020 година, чии членови сметаат дека е направено премалку да се запре уништувањето на урбаниот и поширокиот пејзаж со несоодветни конзервација, реконструкција и развој.

Комитетот е длабоко загрижен од заклучоците на Реактивната мониторинг мисија, која смета дека високите објекти близу до езерото, слабиот архитектонски квалитет на изграденото (посебно во поголемите градови Охрид, Струга и Поградец, но и долж брегот надвор од градовите), и несоодветната и претерана употреба на крајбрежјето за туристичка инфраструктура, имаат големо негативно влијание на универзалната вредност на Охридскиот регион.

Ставањето на Листата на загрозено светско наследство му овозможува на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на загрозеното место да му даде итна помош од Фондот за светско наследство.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, во консултација со владата за загрозениот регион, треба да развие и усвои програма за корективни мерки и потоа да врши мониторинг на состојбата на терен.

Сите активности треба да се преземат за да се обноват загрозените вредности на местото, за да се овозможи тоа во најкус можен рок да биде тргнато од Листата на загрозено наследство.

Total
1
Shares

USJE
Поврзани објави