Условни казни за хеликоптерската несреќа кај Струмица во која загинаа 4 пилоти на МВР

Основниот суд во Струмица денеска ги осуди на условни казни затвор поранешната директорка на ЈП „Македонска радиодифузија“ Јулијана Спировска на две години условно и технички директор, Драгослав Радески на година и половина условна казна затвор за хеликоптерската несреќа што се случи во јули 2014 година во која загинаа четворица пилоти на МВР.

 Неправосилните казни се поради сторено кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, додека ЈП „Македонска радиодифузија“ е казнета со парична казна од милион денари.

Тие како одговорни лица не обезбедиле осветлување на антенскиот столб во Струмица висок 120 метри, за кој во текот на судската постапка и вештачењето се констатирало дека е една од причините за уривањето на полицискиот хеликоптер „МИ 17“ произведен 2008 со ознаки МАР 7712.

Total
1
Shares
Поврзани објави