„Охрид СОС“: Багерите на Нефи Усеини копаат песок на крајбрежјето на Охридско езеро

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ на нивниот Фејсбук профил објави видео од багери кои копаат песок на крајбрежјето на Охрдиското езеро за потребите на бетонската база. Тие велат дека механизацијата е во сопствеништво на охридскиот советник Нефи Усеини и дека локацијата каде се копа е во права линија со базата.

Од иницијативата бараат да се запрат активностите на брегот и да се спроведе акција за прекин на работата не нелегалната бетонска база.

„Ако тврдевте дека сега ќе делуваат чесни и способни кадри, тогаш уште денес ќе започнете со брза и бескрупулозна акција и ќе го запрете дивото копање езерски песок од крајбрежјето, ќе ги казните физичките или правните лица кои го вршеле тоа, ќе ја затворите бетонската база и ќе наложите нејзино демонтирање и рушење! Ако на почеток Усеини побарал сам да го стори тоа, а се покажа дека само излажал и купувал време, сега најдете фирма која ќе го стори тоа“, напишаа од иницијативата.

Total
0
Shares
Поврзани објави