Видео: Над 50 загинати кај Атина меѓу нив и бебе, пожарот подметнат?

Шумскиот пожар кој го зафати предградие на Атина однесе 50 жртви. Над 150 луѓе се повредени но ова не с еконечните бројќи. Спацувачите се уште не стигнале во сите изгорени куќи. Во една од нив се пронајдени 26 тела од кои некои прегрнати. Пожарите го зафатија во западниот и источниот крај на Атина по високите температури од над 40 Целзуисови степени и силниот ветер. Прогласена е вонредна состојба, а во Грција не се памети ваков пожар последните 10 години.
Во акцијата за гаснење на пожарот учествуваат над 300 пожарникари и 60 возила, а Македонија вети дека ќе прати и авион за помош при гаснењето.
Од спасувачките екипи соопштуваат дека се трага по дански туристи кои исчезнале откако бегајќи од огнот влегле во чамец и се упатиле во непознат правец. Грчката крајбрежна стража започна акција за нивно пронаожање и спасување, при што двајца се пронајдени, додека по останатите се трага.
Грчките власти соопштија дека избиле 15 пожари на три локации. Поради тоа се сомневаат дека можеби се работи за подметнат пожар. Тие побараа специјални дронови од САД со кои ќе се снима околината и ќе се види дали пожарите се подметнати. Ова сомневање го искажа и премиерот Алексис Ципрас.
Состојбата е најлоша во одморалиштето Мати, каде многу луѓе загинаа или во куќите или во автомобили со кои се обидувале да побегнат. намалаа жртва е бебе кое се задушило од чад.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави