Пендаровски: Немаме капацитет за ветинг

Немаме капацитет за ветинг, рече претседателот Пендаровски, вечерва на „Патот кон“, во Алсат М, прашан за процесот на ветинг.

„Ќе го спроведуваме овој ветинг, истите тие што се во државата. Не зборувам за претседателот, премиерот конкретно, туку кој ќе го спроведува ветингот?! Кој орган? Ќе пишуваме во закон, но дали е тоа истиот човечки материјал Дали е во правосудсво, или е во политиката кој доведе до овие 8 посто доверба и 92 потсто недоверба?! Истиот!“, рече Пендаровски.

Претседателот Стево Пендаровски синоќа порача дека правосудниот систем во земјава е лош и испорачува слаби резултати.

-Не е само тој надлежен во борбата против корупцијата. Нашето однесување на политичарите на локално и централно ниво во однос на непотизам, тендери, наддавање, е примарен генератор за корупцијата да биде на вакви размери. За волја на вистината, перцепцијата за корупцијата е прилично поправена како оценка, но не е доволно и во западно-балкански рамки. Далеку сме од просекот. Околу ветингот, секој од нас од политичарите дава изјави и прашувам кој ќе го спроведува? Повторно ние, кој орган? Дали е тоа истиот човечки материјал кој доведе до овие 8% доверба во правосудството? Подобро е со личен пример да покажеме дека сме насочени кон тоа да имаме нула толеранција кон корупцијата, рече Пендаровски во емисијата „Патот кон“.

Претседателот е за процесот на ветинг, но бара да го направиме под силен мониторинг на ЕУ.

-Сакам да видам луѓе од Брисел кој заедно со нас тука ќе го работат тој ветинг, додаде Пендаровски во синоќешното гостување.

Total
0
Shares
Поврзани објави