Момче загина од удар на гром во Љуботен

Дваесет и четиригодишен албански државјанин загина од удар на гром во скопското село Љуботен.

Според информциите на МВР, вчера во СВР-Скопје било пријавено дека во село Љуботен околу 21.20 часот Ф.Б.(38) пронашол починато лице. Било утврдено дека станува збор за М.Д. (24) од  Албанија, кој најверојатно починал од удар на гром.

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави