Фактор: БЕКИМ САЛИ НА МЕСТОТО НА ФИЛИПЧЕ, ВИКТОР ИСЈАНОВСКИ-ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО

По одлуката на Алтернатива да се вклучи во парламентарното мнозинство, веќе, иако неофицијално, е договорено оваа партија да го предводи Министерството за здравство, а најверојатно министерската позиција од Венко Филипче ќе припадне на стоматологот Беким Сали, кој беше кандидат на Алтернатива за градоначалник на Чаир.

Фактор од свои сигурни извори дознава дека за заменик-министер за здравство е предложен актуелниот директор на Здравствен дом-Скопје, д-р. Виктор Исјановски. Тој би седнал на местото на Илир Хасани, кој сега е заменик министер за здравство од редовите на ДУИ.

Изворите на Фактор брифираат дека Исјановски, како актуелен директор на Здравствен дом-Скопје и како член на Комисијата за заразни болести е одлично упатен во целата ковид криза, заради што и е предложен за заменик-министер за здравство, односно би бил „десна рака“ на Беким Сали, за добро менаџирање со епидемијата на корона вирусот во Македонија.

Сепак, изворите на Фактор велат дека е сосема неизвесно дали Исјановски ќе ја прифати понудената функција.

Денеска во 13 часот, во Клубот на пратениците, каде што свечено биде потпишана програмата за заедничко дејствување, се очекува премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши да ги соопштат сите детали. 

Faktor.mk

Total
16
Shares
Поврзани објави