Филипче: Не планираме дополнителни мерки поради индискиот сој

Не се планираат дополнителни рестриктивни мерки заради индискиот-делта сој на коронавирус. Кај двајцата заболени кои се вратија од Ирак нема ризик да ја пренесат болеста, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека се следи состојбата и кај нас, но и во другите земји. 

Тој потенцира дека се уште нема доволно податоци каков е ризикот од индискиот сој- дали лицата кои се вакцинирани можат да заболат, но се знае дека вакцината штити од тешки форми на болеста и смрт. 

Мерките ги олабавија сите земји во Европа, со исклучок на Британија каде се одложени заради ширење на индискиот сој и во Португалија каде се засилени. Делта сојот е за 60% попренослив од обичниот коронавирус, а 90% од заразените во Британија се со овој сој.

Total
1
Shares
Поврзани објави