фото -Најнова вест !- Нашите спасувачи од доброволното противпожарно друштво од Чаир „Бајрам Мифтари“ извадија преживеана жена од урната зграда во Турција

Четворицата членови од доброволното противпожарно друштво од Чаир „Бајрам Мифтари“ од Скопје вечерва успеаа да пронајдат и спасат жена под урнатините на зграда во турскиот град Адијаман.

Од информациите на терен спасувачите ја пронашле жената длабоко под бетонски столбови и таа е единствената преживеана во зградата каде се претпоставува дека има најмалку 60 жртви. Жената има 38 години и успеала да преживее 118 часа под урнатините.

  • Копајќи под урнатините слушнавме како женски глас бара помош. Вознемирени и возбудени продолживме со копањето и успеавме да ја извадиме жената. Таа има само мали повреди и ќе биде добро. За жал целото нејзино семејство загина, – велат за Досие спасувачите.

Пожарникарите се пресреќни бидејќи успеаа да дојдат до неа. Цел ден го расчистуваа теренот и вадеа мртви тела. Велат дека телата биле како на куп бидејќи зградата се урнала вертикално.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Весна Ѓиновска-Илкова: За состојбата на братот, за нејзините часови за техники на дишење во дом за стари ни немоќни лица …

Примадоната на Националната опера и балет (НОБ) и професорка на Факултетот за музичка уметност Весна Ѓиновска-Илкова, држи часови…