(Фото) “Оделе на аџилак во Меѓугорје”: Детали од страшната несреќа во Хрватска, пристигнале првите фотографии од уништениот автобус

Министерот за внатрешни работи на Хрватска Давор Божиновиќ потврди дека во болница починало уште едно лице од автобусот со полски регистарски таблички кој утрово излетал од автопатот и бројот на жртви сега изнесува 12.

„Автобусот патувал од место во близина на Варшава. Според некои информации, станува збор за група која планирала да оди на аџилак во Меѓугорје“, рекол Божиновиќ на прес-конференцијата.

Одговарајќи на прашањето за тоа колку возачи имало, односно дали се меѓу повредените, тој рекол дека “тоа е дел од информациите кои се уште се утврдуваат”.

„Според тоа што луѓето на терен можеа да го утврдат, нема деца. Според тоа што можевме да го утврдиме, таму немало деца“, рекол Божиновиќ и нагласил дека меѓу тешко повредените има такви кои се борат за живот, како и дека нема такви кои минале без повреди.

Директорот на хрватскиот Завод за итна медицина Маја Грба Бујевиќ рекла дека 11 лица загинале на самото место. Таа навела дека постои можност уште некој да е заробен под автобусот, но дека се надеваат дека тоа не е случај.

Се чека и листата на патници.

По повод несреќата на Твитер се огласил и полскиот премиер Матеуш Моравјецки кој им изразил сочувство на семејствата на жртвите и открил дека во автобусот имало аџии кои оделе во Меѓугорје.

„Утрово во трагична несреќа на полски автобус во Вараждин, Хрватска, 11 луѓе загинаа и 34 се повредени и хоспитализирани. Станува збор за аџии кои оделе во Меѓугорје. Сакам да изразам најдлабоко сочувство на семејствата на жртвите. Утрово за деталите од несреќата разговарав со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ кој ме увери дека хрватските здравствени служби даваат целосна поддршка. Им дадов упатство на нашите конзуларни служби да организираат поддршка за семејствата на жртвите во несреќата“, напишал тој.

До несреќата дошло во околу 5:40 часот на 62. километар на автопатот А4 во насока на Загреб, меѓу местата Јарек Бисашки и Подворец.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Гранатиран центарот на Харков

Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Антон Герашченко утринава соопшти дека руските сили го гранатирале Плоштадот…