Деветта во низата успешно извршени трансплантации, а прва трансплантација на лигамент од починат донор на Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ.
Млад 34 годишен пациент со сериозна повреда на десното колено, доби мекоткивен графт експлантиран од починат донор.
Се работи за ревизија на скинат преден вкрстен лигамент на десното колено, што е прилично честа повреда кај физички и спортски активната популација. Ревизијата се направи со графт од починат донор.На нашиот пациент му посакуваме поскоро враќање на секојдневните активности.

Горд сум на своите колеги и целиот тим на Клиниката за Ортопедија при ТОАРИЛУЦ за сите досегашни извршени трансплантации. Благодарност до сите храбри семејствачии тешки одлуки донесоа надеж за многу пациенти .
– објави доктор Александар Трајановски.
Лекарскиот тим кој ја изврши оперцијата се докторите : Александар Трајановски , Маја Мојсова, Савески Алек , Милена Богојевска