Шведска потпиша барање за влез во НАТО

Шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде, потпиша апликација за влез на земјата во НАТО. Ова на Твитер го објави претставништвото на земјата во Алијансата.

Претходно Норвешка, Данска и Исланд ветија дека ќе им помогнат на Финска и Шведска доколку овие земји бидат нападни за време на пристапувањето во НАТО Алијансата.

Владејачката социјалдемократска партија во Шевдска во неделата го поддржа влезот на оваа земја во НАТО, со што е овозможено формирање на парламентарно мнозинство во корист на поднесување на барање за членство во Алијансата.

Претходно Русија се закани дека ќе следува одговор доколку Шведска и Финска влезат во НАТО, а проблеми со нивното членство во Алијансата може да предизвика и Турција, откако претседателот Ердоган порача дека не може да „одобри членство на држави кои поддржуваат терористички организации“.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Откако влегле во секта, се повлекле во изолација, децата ги немало во матична евиденција – детали за родителите кои ги закопале своите бебиња кај Вараджин

Претпладнево во Вараждин започна распит на родителите на двете бебиња чии тела беа пронајдени закопани во дворот на…