Бајден го укина условот за задолжителна вакцинација против коронавирусот за странци за влез во САД

Од 12 Мај за влез во Соединетите аерикански држави за странските посетители нема да важи условот за задолжителна вакцинација против коронавирусот.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера ја укина регулативата за задолжителна вакцинација против коронавирусот за странски посетители, а во исто време истече и регулативата која бараше задолжително да бидат вакцинирани и федералните службеници и изведувачите на работи.

Одлуките на Бајден ќе стапат во сила на 12 мај, по завршувањето на вонредната состојба воведена поради пандемијата на коронавирусот.

Белата куќа минатата недела објави план за укинување на последните вонредни ограничувања за јавното здравје кои првпат беа воведени во 2020 година и го задржаа најголемиот дел од светското население да влезе во САД.

Координаторката за ковид во Белата куќа, Ашиш Јиха, рече дека администрацијата донела одлука дека вакцините за странските патници и федералните вработени повеќе не се потребни за заштита на Американците.

Total
0
Shares
Поврзани објави