Ќе падне ли предметот за „Организаторите на 27 април“, обвинителството бара амнестијата да важи и за Јанакиески, Вељаноски и Ристовски?

Обвинителството дало мислење дека судењето за Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски обвинети како организатори за 27-ми април треба да запре согласно законот за амнестија кој претходно беше применет и за дел од обвинетите кои одговараа како извршители. А за Владимир Атанасовски кој е четврт обвинет во случајот, немало ваков предлог.

Денешното судење е одложено, а судијата ќе донесе одлука на следното рочиште потврдија од кривичниот суд за Телма.

Предметот за организаторите Апелација го укина и сега е на повторно судење во кривичниот суд.

Претходно Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс-министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Необјавени телефонски разговори: Јанакиески до активистите : „Кај ‘Апче’ и во Гази Баба има многу комуњари, да ги казнеме некако“

Судскиот процес за изборни нерегуларности Титаник ќе трае уште еден час оти пратеникот Илија Димовски побара одложување поради…