Џафери: Не можам да му сугерирам на Мерко да даде оставка од градоначалник, тоа е лична одлука

Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека е лична работа дали сопартиецот Рамиз Мерко ќе поднесе оставка од градоначалничката функција, бидејќи е избран од граѓаните. Тој одби да коментира дали ако тој се најде на црната листа, ќе поднесе оставка од претседател на Собранието. Џафери вели ако тоа се случи, тогаш ќе размислувам.

„САД се стратешки партнер во секаква смисла и секако дека сознанијата и пораките кои ги испратија се пораки кошто треба да се земат предвид. Како претседател на Собрание немам причина да имам дилема за извештајот на Стејт департментот. За статусот на Мерко, тоа е лична работа на засегнатото лице. Тој се изјасни дека ги става во мирување сите активности во партијата и повика институциите да ги потврдат или отфрлат наодите – вели Џафери во брифинг со новинарите.

Според него, партијата не може априори да постапува, односно дека не може да го замрзне статусот на член, ако тој самиот не го побара.

„ Ако се потврдат наодите од Стејт департментот може да го разреши од партиска функција. За градоначалничката функција нема потреба јас да коментирам тоа е друга власт, произлегува од граѓаните на директни избори. Друг коментар може да се свати како мешање на властите. Јас сум претседсател на Собрание и не можам да сугерирам кој што треба да прави. Тој е избран на избори и одговара пред граѓаните. Партијата не сугерира што ќе правите со себе. Институциите треба да постапуваат. Партијата не е башибозук, туку има Статут“, рече Џафери.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

ЦУК: Зголемен број повици на 112 во последното деноноќие – вкупно 2.145 повици, пет пожари на отворено, а во првите петнаесетина минути од првиот ден годинава пожарникарите имале гаснење пожар со спасување неподвижно лице

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.145 повици на Единствениот број за итни случаи 112…
Повеќе

Јанева си заминува: Нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на СJO и Европските интеграции на мојата земја

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесе оставка и соопшти зошто тоа го прави. Во продолжение целото писмо до…