Авион на Туркиш ерлајнс принудно слета во Белград, патник побарал медицинска помош

Авион на Туркиш ерлајнс на летот Истанбул-Цирих принудно слета во Белград во 14 часот и 45 минути поради медицински причини.

Сите надлежни аеродромски служби реагирале во најкус можен рок, а грижата за патникот на кој му е потребна лекарска помош е во тек, објавија српските медиуми.

Во меѓувреме, патниците се во авионот, каде што чекаат дополнителни информации од авиокомпанијата за продолжување на патувањето до нивната дестинација.

Претходно српските медиуми објјавија дека се случува вистинска драма со авионот на Туркиш ерлајнс кој наводно го прелетал Срем и Нови Сад,  а потоа се вратил во Белград.

Потоа беше објавено дека првото итно слетување не успеало, а по вториот обид успешно слетал на аеродромот Никола Тесла.

Total
0
Shares
Поврзани објави