Автомобил налетал на луѓе во Загреб, петмина повредени

Загребската полиција почна кривична истрага против 23-годишен маж кој налета на тројца пешаци и автомобил во кој се повредени уште две лица по ударот со неговиот мерцедес на паркингот во трговскиот центар „Супернова“ на неофицијална „средба на автомобили“, при што се повредени упте двајца.

Како што извести полицијата утринава, три лица се тешко повредени, а две полесно. Полициската управа (ПУЗ) во Загреб прецизираше дека 23-годишниот маж управувал мерцедес со загрепски регистерски таблички и поради несоодветна брзина налетал на тројца пешаци и еден автомобил, кои потоа се судриле со друг автомобил, пренесоа хрватските медиуми.

Човекот кој го управувал мерцедесот е под полициски надзор и во тек е кривична истрага.  Според неофицијални информации на „Телеграм“ возачот се вика Јан Ерлих.

Сведоци на синоќешната несреќа рекоа дека како што е општо познато на овој паркинг редовно се одржуваат таканаречените „автомобилски средби“.

„И додека некои уверуваа дека мнозинството, претежно помлади, се собираат само поради љубовта кон автомобилите и не дивеат со нив, сепак признаваат дека тоа го прават поединци кои ги нарекуваат ‘татини синови’. Оние кои се нашле на паркингот додека полицијата ја почнала истрагата меѓу себе го критикувале 23-годишниот кој возел и коментирале дека тоа го прави затоа што – можел“, пишува Индекс.хр

Од полицијата велат дека во дивеењето се повредени пет лица. Маж на возраст од 35 години е тешко повреден и му е укажана лекарска помош во Клиничкиот болнички центар во Загреб, 32-годишна жена во Клиничката болница Дубрава и 21-годишен маж во Клиничкиот центар „Сестрите на милоста“.

Во сообраќајната незгода полесно се повредени 22-годишен маж и 22-годишна жена кои биле во возилото во кое удрил мерцедесот. Според изјавите на очевидци, возачот на мерцедесот се движел со својот автомобил околу паркингот и директно удрил во пешаци и паркирани автомобили на неофицијален „автомитинг“. Според видеата кои кружат на социјалните мрежи, може да се види дека 23-годишниот маж уште пред несреќата дивеел по паркингот.

Total
0
Shares
Поврзани објави