Агелер – збунувачки е процесот за избор на нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција

Амбасадорката на САД во земјава Аџела Агелер синоќа во телевизиско гостување вели дека е збунувачки процесот за избор на нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, потенцирајќи дека корупцијата очигледно е најголемиот предизвик со кој се соочува Македонија.

Таа, осврнувајќи се на корупцијата во земјава рече дека нејзиното мислење е рефлексија на она што го кажуваат од луѓето во оваа земја, дека корупцијата е очигледно најголемиот предизвик со кој се соочува Македонија.

Амабасадорката исто така напомена дека македонскиот јазик и идентитет нема да бидат загрозени во процесот со уставните измени. Таа се надева дека опозициските партии во земјава не заземаат одредени позиции околу прашањето за уставните измени само за да противречат.

Total
0
Shares
Поврзани објави