Активирал бомба пред сопствениот стан оти не му плаќале кирија – експлозија во Смедерево, газдата се разнесе, кираџиите повредени

Едно лице загина, а две се повредени во експлозија во зграда во центарот на Смедерево. Експлозивната направа ја активирал сопственик на стан по куса расправија со кираџии на кои им го изнајмил. Причина, како што наведуваат српските медиуми била неплатена кирија.

Газдата на станот се обидел да влезе внатре, но кираџиите не му дозволиле. Потоа се обидел да фрли бомба во станот, пришто се разнел, а две лица се повредени.

Според искази на станарите, сите 25 стана во зградата претрпеле голема материјална штета. Во околината на зградата, по детонацијата, имало делови на мебел, столарија и стакла.

Total
0
Shares
Поврзани објави