АПЕЛАЦИЈА МУ ОДГОВОРИ НА КРИВИЧЕН ЗА 27 АПРИЛ „Судовите не можат меѓусебно да си јa лоцираат вината“

Апелациониот суд му одговори на Кривичниот суд во врска со враќањето на предметот „Организатори за 27 април“ поради пропусти. Апелација смета дека судовите не смеат да си лоцираат вина еден во друг, а дека на Апелација е да дава напатствија кон првостепениот суд, а не обратно.

„Ставот на Кривичен суд е нивни. Но, против одлуката на Апелација – нема што да се изразува став. Судовите не можат да комуницираат на тој начин, да лоцираат вина еден во друг. Апелација по закон има овластување да донесе пресуда односно решение, да укине пресуда, да даде напатствија, да образложи“, велат од Апелација.

Претходно, Кривичниот суд го впери прстот во петорката судии од Апелација кои ја укинаа пресудата и го вратија на судење предметот. Од Кривичен се надоврзаа на изјавата на министерот за правда, Кренар Лога, кој посочи дека за одредени судии пропустите со суштествени повреди стануваат пракса.

Од Кривичен за ова изјавија:

„Во правец на изјавата на Министерот за правда, како суд ги повикуваме медиумите и стручната јавност да анализираат каде и заради кои „суштествени повреди“ предметите со години чекаат правосилност и застаруваат, а граѓаните ја губат довербата во судството“.

Total
0
Shares
Поврзани објави