Dosie.mk дознава дека денеска во Основното јавно обвинителство на распит била повикана службеничка од Министерството за труд и социјала за која се води предистражна постапка за мито и корупција при процес на посвојување деца. Ова е прв пат Основното јавно обвинителство да води ваква постапка и истражува дали службеничката Ленче К. која претходно во медиумите беше директно посочена како лице кое барало пари за да го дозволи финалниот постпис на посвоителката Кристина Кузмановска.
Случајот е од 2013та година, а Основното јавно обвинителство сега отвори постапка по допрен глас, откако сторијата беше објавена во медиумите и Детската амбасада Меѓаши го повика ОЈО да ги испита ваквите наоди бидејќи за тоа постојат повеќе сомнежи и индиции.
Околу распитот повеќе детали не се соопштуваат во интерес на предистражната постапка која во оваа фаза е тајна.
Министерката за труд и социјална политика прашана дали ќе ги истражува ваквите состојби во своето министерство, потврди дека ќе соработува со органите и ќе им ја обезбеди целокупната документација, но нема да истражува бидејќи не е истражен орган.
Поврзани објави
Боки 13 останува во притвор поради опасност од бегство
Апелациониот суд не дозволи осомничениот во “Рекет“ Бојан Јовановски да го напушти истражниот затвор во Шутка. Разгледувајќи ја…
Полицаецот од Битола призна: “Го запалив телото за да го сoкријам убиството”
Во прилепскиот Основен суд денеска почна и брзо заврши судскиот рпоцес против битолскиот полицаец, 25-годишниот Енвер Тоска кој…
Јанакиески излегува на слобода во јуни, а за Мијалков ќе одлучува Кривичен суд
Апелациониот суд во Скопје ја прифатил жалбата на Миле Јанакиески и одлучил тој да излезе од затвор на…
Нови 2 и пол години затвор за Јанкулоска, Јанакиевски 4 и пол години затвор , Протуѓер условна казна затвор
Мартин Протуѓер алтернативна осуда 2 години затвор а нема да се извси доколу не го повтори делото за…