Поради невремето и поплавите што ја погодија Грција, туристи од Србија останаа заробени во областа на Волос и Пелион. Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија ги презема сите мерки и одржува контакт со српските туристи кои се наоѓаат во областите на Грција погодени од поплавите.
„Автопатот Атина-Солун е затворен за сообраќај северно од Ламија и јужно од Катерини. Затворена е и алтернативната рута преку Трикала. Се очекува патиштата повторно да бидат отворени во текот на ноќта или утре наутро. Ве молиме следете ги инструкциите на грчките власти – најави Душан Спасојевиќ, амбасадор на Србија во Грција.
– Состојбата дополнително се влоши, на кај Волос, водата однесе уште еден мост, оштетени се и куќи. Војската е на улица и не дозволува да се напушти местото. Дождот повторно се засили и од утрово интензивно врне а на улиците има многу вода. На суво сме, храна има, но водата за пиење е при крај. Интернет-врските и мобилниот сигнал се слаби или во прекин. Според досегашните информации, се чини дека евакуација нема да биде возможна до сабота – ни изјави Доминик Рашкај од Босна и Херцеговина, кој заедно со туристи од Србија бил заробен во местото Кала Нера кај Волос.
Невремето не направи колапс само на море, туку и во континенталниот дел на Грција, ова го покажуваат страотните снимки што ги објавија членовите на грчкте групи на Фејсбук.
Во централна Грција во градот Кардица, кој е на околу 100 километри од Волос, куќите се под вода и се изгледа катаклизмично.