Арсовска : Добивам закани од луѓе да молчам, за да им бидат простени злоупотребите

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на брифинг со новинарите информираше дека имала закани од луѓе, поради како што вели, за да не ги открие постапките за незаконското работење на нејзините претходници.

-Добивам закани од луѓе за да не објавувам, за да им бидат простени злоупотребите. Ако почнам да пријавувам  закани ќе треба по цел ден да бидам во полиција. Сепак, јас овде нема да застанам, ниту да потклекнам, вели Арсовска.

Во однос на нејзините најави за бесплатен јавен градски превоз, Арсовски денеска информира дека ветувањето целосно ќе се имплементира за две години. Според неа, тоа ќе биде откако ќе се елиминираат долговите на ЈСП, која е во голема загуба.

-Немавме договор со Алијанса за Албанците и Алтернатива околу тоа кој и колку претпријатија ќе земат, одговори Арсовска на новинарско прашање околу распределбата на јавните претпријатија, кои се под капата на Градот Скопје.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Изјавата на претседателот дека дава целосна поддршка на JO ќе беше реална, доколку повикаше пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија укажува дека не е време за напади на институциите и нема да…