Вања ја нема повеќе од 24 часа, проверени се камерите, потрагата продолжува

Повеќе од 24 часа е исчезната 14-годишната Вања Ѓорчевска, на која ѝ се губи траг вчера околу 7.20 часот, кога последен пат била видена на пат кон ОУ „Песталоци“ во Дебар маало, Скопје.

Министерството за внатрешни работи вчеравечер потенцираше дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на девојчето уште од моментот на пријавување за нејзиното исчезнување од страна на нејзината мајка, која случајот во полиција го пријави вчера во 08:35 часот.

За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта, се вели во соопштеието од МВР.

Оттаму апелираат да не се шират дезинформации и дека МВР постојано ќе ја информира јавноста до пронаоѓање на малолетничката.

И мајката на девојќето, Зорица Ѓорчевска, замоли да не се шират дезинформации кои ѝ штетат на истрагата.

Секој кој има било каква информација да се јави во полиција или пак кај мајката на телефонскиот број 075 400 816.

Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели Најк патики со кафеава лента.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Уапсен Мишел Платини

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини е уапсен во врска со истрагата за доделување на организацијата на Мундијалот…