(ВИДЕО) Иран го нападна Израел со 300 проектили, Нетанјаху објави дека ги блокирале

epa11277421 A view shows drones or missiles vying for targets at undisclosed locations in northern Israel, early 14 April 2024. According to the Israeli army IDF on early 14 April Iran launched missiles from its territory toward the territory of the State of Israel. The IDF called called for people to be alert and act according to the Home Front Command’s guidelines. EPA-EFE/ATEF SAFADI

„Пресретнавме. Блокиравме. Заедно ќе победиме“, напиша израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во пораката на мрежата Икс по синоќешниот напад на Иран. Голем број проектили навлегле во одбраната. Нема извештаи за директни повредени како резултат на иранските напади, според информациите на израелската служба за итни случаи, пренесува Си-ен-ен.

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека 99 отсто од околу 300 проектили истрелани од Иран кон Израел во текот на ноќта биле пресретнати од воздушната одбрана.Хагари соопшти дека Иран истрелал 120 балистички ракети кон Израел. Многу од нив биле соборени од системот за воздушна одбрана со долг дострел „Стрела“, иако некои од ракетите успеале да ја заобиколат одбраната на Израел, погодувајќи ја воздушната база Неватим во јужен Израел, додаде тој.

Иран, кој го започна нападот како „одмазда за бомбардирањето на неговите дипломатски објекти во Дамаск“, објави дека операцијата е завршена. Израелската служба тврди дека станува збор за зграда во која се криеле војници на единицата Кудс – специјализирани за шпионажа и неконвенционално војување, а поддржани од Хамас, Хезболах, хути…

Прво беше објавено дека Иран испратил повеќе од 100 беспилотни летала во нападот врз Израел, околу 22:00 часот по средноевропско време. Покрај тоа, тој испрати крстаречки и балистички ракети. Според податоците од утринава – лансирани се вкупно околу 300 проектили. Американските власти соопштија дека американските сили на Блискиот Исток пресретнале повеќе од 70 беспилотни летала и најмалку три балистички ракети.

Непосредно пред 1 часот по полноќ по средноевропско време во Ерусалим, но наскоро и во други делови на земјата, се слушнале експлозии и сирени за воздушен напад. Ефектот на противвоздушната одбрана бил забележан на небото над Израел. Израелската армија наводно пресретнала голем број беспилотни летала, а американските власти потврдиле дека нивните сили на Блискиот исток успеале да неутрализираат и некои од беспилотните летала. Иранската револуционерна гарда ги предупреди САД дека секоја акција против Иран ќе има реципрочна реакција. И британските и јорданските авиони се приклучија на одбраната на Израел.

Претходно вчера иранската државна новинска агенција ИРНА јави дека Иранската револуционерна гарда го запленила бродот „МСЦ Ариес“ за кој велат дека е поврзан со Израел. Иранците најавија дека ќе го преместат бродот во иранските територијални води.САД најавија дека го поддржуваат Израел, но дека нема да учествуваат во евентуален напад врз Иран. Техеран предупреди дека ќе удри посилно ако Израел одговори на овие напади.

Total
0
Shares
Поврзани објави