Жена од Македонија пронајдена мртва во стан во германскиот град Есен

Четириесет и едногодишна жена била пронајдена мртва во стан во градот Есен, Германија, пренесува германскиот весник „Билд“. Жената, која најверојатно била од Северна Македонија, пред една недела била пронајдена избодена и облеана во крв, а случајот во полиција го пријавил нејзиниот 16-годишен син.

Лекар од Итната медицинска помош и болничари се обиделе да ја реанимираат мајката, но таа им подлегнала на повредите.

Според пишувањата на „Билд“, постариот син на жртвата ја алармирал полицијата кога дошол дома околу 19 часот и видел како неговиот помал брат (8) стоел пред заклучената врата од станот и бил целосно вознемирен и рекол дека мајка му била внатре и лежела на подот повредена.

Германските медиуми пишуваат дека полицијата на самото место пронашла докази кои, според соопштението, укажуваат дека осомничен е 47-годишен маж со македонско потекло. Откако било пријавено полицијата, започнала потера, а тој преку итниот повик сам се пријавил во полицијата во Гелзенкирхен. Без отпор дозволил да биде уапсен од полициски службеници на соседниот град.

Сè уште не е јасен мотивот за злосторството.

„Пред зградата каде што живеела жената се собрале членови на семејството на жртвата од Македонија, но полицијата успеала брзо да ја смири ситуацијата“,пишува „Билд“.

Децата по убиството се згрижени кај други членови на семејството.

„Билд“ пред три дена пренесе дека минатата сабота, исто така во градот Есен, бил убиен 32-годишен македонски државјанин. Тој бил претепан до смрт од страна на двајца Еритрејци на возраст од 25 и 29 години кои, како што јави весникот, го тепале со пивско шише додека тој не колабирал.

Total
0
Shares
Поврзани објави