Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг беше жртва на кибер напад минатата недела, соопшти Судот без да открие детали за големината на нападот и за каков тип станува збор.

Како што пренесува Ројтерс, нападот бил извршен врз голем број доверливи документи, меѓу кои и имиња на заштитени сведоци и податоци за висок криминал.

Судот во своето соопштение навел дека продолжува со „анализа и ублажување на влијанието на овој инцидент“ со помош на холандската влада, додавајќи дека презема и чекори за зајакнување на својата сајбер безбедност.

МКС не даде дополнителни детали за степенот на нападот или за каков тип на кибер напад станува збор. МКС е основан во 2002 година од страна на десетици држави. Истражува наводи за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства и има овластување да ги гони осомничените преку државните линии.

Total
0
Shares
Поврзани објави