(ВИДЕО) Како дојде до ескалација на ситуацијата во Собранието на Косово

До ескалација на ситуацијата во Собранието на Косово дојде откако медиумите во Косово деновиве објавија серија прислушкувани разговори на шефицата на пратеничката група Движењето Самопределување, Мимоза Кусари-Лила со пратеникот од Српската Листа, Славко Симиќ и со потпретседателот на Српската Листа, Милан Радоичиќ кој е баран од косовските власти, а се наоѓа и на црната листа на САД поради вмешаност во меѓународен организиран криминал.

Опозициските партии денеска во говорницата на Собранието залепија транспарент на кој пишуваше „Здраво“, алудирајќи на поздравувањето на Кусари Лила со Радоичиќ. Додека премиерот на Косово, Албин Курти збореше од говорница, пратеникот на опозициската Демократскта партија на Косово, Мергим Луштаку му се доближи и го испрска со вода по што на овој чин возрвати вицепремеирот Бесник Беслими фрлајќи кон него флаша вода. Веднаш потоа Луштаку ги турна министрите Хекуран Мурати и Албулена Хаџиу.Во меѓувреме, претседателот на Собранието на Косово ја повика полицијата во собраниската сала.

Демократската партија го осуди нападот на вицепремиерот Бесник Бислими врз пратениците на ПДК. Од таму велат Бислими наместо да се срами и да даде отчет за прислушувањето, тој ја испровоцира опозицијата со отстранување на фотографијата што ја поставија на говорница.

„Наместо по навредата што ја направија на државата Косово, ветераните на ОВК, албанските политички актери, народот на Косово, пред слугите на Радојчиќ, денеска во Собранието на Косово, вицепремиерот Бесник Бислими да се засрами и да даде отчет за прислушувањето, тој ја провоцира опозицијата со отстранување на фотографијата што беше поставена на говорницата. Всушност, токму вицепремиерот Бислими прв го удри пратеникот Мергим Луштаку со тврд алат и со шишиња“,се вели во реакцијата на ПДК.

Total
0
Shares
Поврзани објави