(ВИДЕО) Со полициски хеликоптер пренесено повредено лице од врвот на Водно

По пријава од Центарот за управување со кризи, хеликоптер „Бел 412“ од Хеликоптерската единица за полициски намени при одделот за воздухопловни единици на МВР, денеска пренесе повредено лице oд врвот на Водно до Клиничкиот центар во Скопје.

Лицето со скршена нога се наоѓало на Горно Водно, во близина на Милениумскиот крст.

Пријавата стигнала на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 денеска во 11:56 часот.

Total
0
Shares
Поврзани објави