Владата најверојатно ќе ги замрзне цените на основните производи

Најверојатно ќе донесеме одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, најавува министерот за економија Крешник Бектеши.

Подготвен е предлог што утре или во вторник ќе биде доставен на разгледување до Владата. Оваа најава не доаѓа директно од Владата туку ја најави министерот за економија во изјави за медиуми.

-Секторот за трговија при Министерството за економија веќе ги направи пресметките во делот на зголемување на цените, за основните продизводи. Предлогот е веќе подготвен и во сабота или во вторник ќе биде испратен на разгледување во Владата и најверојатно и ќе се донесе одлука за замрзнување на продажните цени на основните прехранбени производи, лебот, млекото, брашното, шеќерот, зејтинот, а можеби и месото, рече Крешник Бектеши.

Ваква одлука на 30 ноември веќе донесе Србија и ќе важи 60 дена.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата побараа од претседателот Стево Пендаровски да не го потпише указот за прогласување на измените на Кривичниот законик кои вчера ги усвои Собранието

Од Платформата велат дека Пендаровски треба да стави вето бидејќи, меѓу другото, промените во Кривичниот законик ќе водат…