Владимир Тодоровиќ пуштен од куќен притвор со измените на Казнениот законик

Владимир Тодоровиќ, поранешниот градоначалник на Центар, е пуштен од куќен притвор во случајот „Феникс“ по измените на Кривичниот законик, објави „Призма“.

Основачот на ланецот-маркети „Тинекс“ беше приведен во јуни како функционер кој ја злоупотребил службената положба и овластување за проектот „Скопје 2014“ во случај што го отвори Јавното обвинителство.

Дел од уапсените завршија во притвор, а за Тодоровиќ тогаш беше донесена одлука како претпазлива мерка да остане во куќен притвор. Тодоровиќ, по предлог на обвинителот, од минатиот петок повеќе не е во куќен притвор.

Причината за тоа е што делото за кое беше осомничен, според овие измени што стапија во сила на 15 септември, му застарува годинава. Истрагата за него сѐ уште не е запрена, но, според најновите законски измени, извесно е дека тоа ќе се случи, бидејќи дејствијата ги сторил до 2013, па наместо во 2043, делото целосно му застарува годинава.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Копал гроб, откопал граната

Вработен во погребалниот сервис „Бутел“ вчера пронашол граната додека копал за гробно место на гробиштата од црквата Св.…