ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на собраниската расправа за уставните измени – ќе аргументира зошто е против нивно усвојување

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат во дебатата на Комисијата за уставни измени закажана за идниот вторник, на која како единствена точка на предложениот дневен ред ќе се најде предлогот за пристапување кон измена на Уставот на земјава.

Ова во изјава за МИА го потврдиле од ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека со учеството на комисиската дебата пратениците од редовите на оваа партија јасно ќе дадат до знаење зошто се против уставните измени.

„Пратениците ќе учествуваат во дебатата, каде јасно ќе ги кажат аргументите против уставните измени и набргу ќе стане јасно дека за нив власта нема мнозинство“,соопштија од ВМРО-ДПМНЕ за МИА. 

Откако Владата ги усвои и ги достави во Собранието предлог-уставните измени, опозицискиот лидер Христијан Мицкоски најави дека на посебна координација ќе се утврди настапот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Комисијата за уставни прашања, но и на најавената пленарна седница за уставните измени.

„Нема да го поддржиме овој процес вака како што е предвиден од страна на Ковачевски и ДУИ, а за тоа како ќе се однесуваме на самата седница на Комисијата, а потоа и на седницата во рамките на парламентот, ќе утврдиме на дополнително на координација на пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“,изјави Мицкоски пред два дена.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, излезе со оценка дека текстот за уставните измени кој е усвоен од Владата, е наразумен и не е содржан во заклучоците од Советот на ЕУ, во Преговарачката рамка и Протоколот и оти таков каков што е, ги загрозува позициите на земјава во поглед на напредокот кон полноправно членство во ЕУ.

Владата на 18 јули ја усвои предлог-иницијативата за уставни измени со која Бугарите и други делови од народи треба да се внесат во Уставот, по што ја достави до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

    Пленарната седница на која пред пратениците ќе се најдат амандманите за уставните измени е закажана за 18 август во 11 часот. Претходно, на 25 јули, е закажана седница на Комисијата за уставни прашања, која треба да расправа по оваа точка најмногу 10 работни дена.

      Total
      0
      Shares
      Поврзани објави
      Повеќе

      Мицкоски: Личност која го велича Путин е предлог на власта во работната група за уставни измени, и истата ќе ја плаќаат со народни пари

      Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали очекува исход од работната група за уставни измени ако…