Вонреден самит на НАТО – руската инвазија на Украина го донесе Бајден во Европа

Како што најави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера лидерите ќе разговараат за испраќање нови борбени групи на истокот на Алијансата, Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка, за да се засили присуството на земјите сојузнички во соседството на Русија, кои стравуваат од евентуален руски напад на нивна територија

Освен самитот на НАТО во Брисел ќе се одржат и состаноци на највисоко ниво на Г7 и ЕУ, а Бајдн ќе биде првиот американски претседател кој учествувал на состанок на Унијата

Американскиот претседател Џо Бајден допатува во Брисел каде со западните лидери ќе одржат три самити посветени на руската инвазија на Украина, еден месец по нејзиниот почеток.

Како што најави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера лидерите ќе разговараат за испраќање нови борбени групи на истокот на Алијансата, Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка, за да се засили присуството на земјите сојузнички во соседството на Русија, кои стравуваат од евентуален руски напад на нивна територија.

30-те претседатели и премиери на НАТО ќе договорат поголема поддршка за Украина и нови распоредувања на војници кај источните сојузници. Нивната цел е да покажат солидарност со Киев, иако само до одреден степен.

Многумина, но не сите, беа подготвени да отстапат оружје. Велика Британија соопшти дека ќе ги искористи и состаноците на Г7 и НАТО за „суштински да ја зголеми одбранбената помош за Украина“.

Но, Алијансата, исто така, јасно стави до знаење дека нема да биде подиректно вклучена, а постојаните барања на Зеленски за зона на забранети летови над Украина се речиси игнорирани. Црвените линии на НАТО досега беа исцртани на нејзините граници.

Total
0
Shares
Поврзани објави