Пожарите во Грција и натаму вон контрола, условите и денеска нема да се подобрат

epa10754385 A firefighting aircraft drops water to extinguish a wildfire at Aghios Charalambos area in Loutraki, Corinth, Greece, 18 July 2023. The Fire Brigade recommended the precautionary evacuation of the settlements Aghios Charalambos and Panorama in Loutraki. The fire front was burning over the Kallithea location and moving south-southeast above the Athens-Corinth national highway. EPA-EFE/VASILIS PSOMAS

Стотици грчки пожарникари и волонтери веќе трет ден се борат со големите пожари во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и во поширокото подрачје на Лутраки на Пелопонез, а ново жариште се појави и на островот Родос.

Грчките власти информираат дека сите сили на цивилната заштита продолжуваат да се борат со огнот во текот на денот во сите делови каде има пожари.

Ситуацијата е особено тешка кај градот Мандра, на околу 40 километри од центарот на Атина, каде што еден од пожарите се протега на осум километри. Во гаснењето на овој пожар, како што информира портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, интервенираат копнени сили, а со разденувањето распоредени се пет авиони и осум хеликоптери, од кои еден за координација.

Живееме кошмар. Куќите и имотите се во пламен“,изјави градоначалникот на Мандра, Христос Статис.

Четири авиони и три хеликоптери, заедно со копнени сили го гаснат и пожарот кај Лутраки на Пелопонез, а во тој дел, акцентот е ставен и на жариштето во близина на рафинеријата. 

Ватракојанис вели дека во гаснењето на пожарите помагаат и четири авиони од Италија и Франција кои од вчера попладне се пристигнати во Грција.

Во пожарот на островот Родос, кој според властите, засега не претставува опасност за населените места интервенираат 86 пожарникари со три пешадиски тима и 28 возила, три авиони и три хеликоптери.

Според портпаролот на противпожарната служба на Грција, за денеска во 13 области има многу висока опасност од пожари најмногу поради метеоролошките услови.

Ситуацијата со пожарите не се очекува да стане полесна, бидејќи силните ветрови продолжуваат и Грција се соочува со големиот топлотен бран што се очекува да ги надмине температурите над 40 Целзиусови степени во следните пет дена.

Црвена тревога е прогласена и во 20 градови во Италија, североисточна Шпанија, Хрватска, Србија, Црна Гора и во јужниот дел на БиХ.

Total
0
Shares
Поврзани објави