Во ракетен напад врз Киев повредени се 16 лица, поголем дел од градот е без струја

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека повеќе проектили утринава биле упатени кон главниот град Киев, набргу откако националните воздушни тревоги беа подигнати поради закана од руски бомбардери.

Украинските вооружени сили објавија дека Русија кренала во воздух 16 стратегиски бомбардери „ту-95МС“ од кои лансира ракети и дека е прогласена тревога за воздушен напад низ цела Украина.

Украинските медиуми пренесуваат дека на ракетниот напад му претходел напад со дронови и додаваат дека украинската воздушна одбрана ги уништила сите 35 дронови лансирани од Русија.

Воената управа на градот соопшти дека фрагменти од соборените ракети паднале во неколку области, вклучително и на станбени згради.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека струјата е исклучена во неколку области на главниот град.

Кличко вели дека во областа Подилски бил погоден инфраструктурен објект и оштетен е гасовод и оти службите за итни случаи работат на погодените локации.

„Предупредувањето за воздушна закана сè уште е во сила. Во Киев и во регионот на Киев се активирани системи за противвоздушна одбрана“,изјави Серхи Попко, шефот на градската воена управа во Киев.

Воздухопловните сили на Украина, исто така, ги повикаа жителите на Киев да се евакуираат.

„Киев – останете во засолништа. Голем број проектили се движат во ваша насока. Ракетите во регионот Житомир го сменија правецот и сега се движат и кон Киев“,велат тие.

Градоначалникот Кличко на Телеграм објави дека 16 лица се повредени во зграда која се запалила по руски ракетен напад. Тој додаде дека 15 повредени се хоспитализирани.

Американската амбасадорка во Киев, Бриџит А. Бринк, реагираше на руските напади насочени кон Киев и други делови од земјата.

„Путин ја дочека 2024 година со лансирање проектили кон Киев и низ целата земја бидејќи милиони Украинци повторно бараат засолниште на ниските температури. Силни експлозии во Киев утрово. Итно и критично е да ја поддржиме Украина сега – да го запреме Путин тука“,рече таа.

Игор Терехов, градоначалникот на Харков, извести дека и во овој град се слушнале експлозии откако Русија извршила масовен ракетен напад.

„Експлозии во Харков. Харков е под силен ракетен напад. Сега е многу опасно да се биде надвор од засолништето“,објави тој на Телеграм.

Регионалниот гувернер Олех Синебухов вели дека 41 лице се повредени во Харков во рускиот напад утринава, а дека една е убиена жена

Total
0
Shares
Поврзани објави