Во Слупчане церемонија за откривање на споменикот во чест на борците на ОНА

„Кон легендарното Липково“, напиша министерот Бектеши од ДУИ на Фејсбук објавувајќи фотографија со Ахмети. Двајцата се меѓу функционерите од ДУИ кои присуствуваат на денешниот настан

Во селото Слупчане попладнево започна церемонијата за откривање на 20-метарскиот споменик во чест на паднатите борци на ОНА.

На настанот присуствуваат функционери од ДУИ, а во пресрет на церемонијата министерот за економија, Крешник Бектеши, објави и фотографија на личниот профил на Фејсбук, на која се гледа како со автомобил патува кон Слупчане, Општина Липково. Во негово друштво е и партискиот лидер Али Амети.

„Кон легендарното Липково“, напиша Бектеши на Фејсбук.

Денешниот настан пред неколку дена на социјалните мрежи го најави и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи.

Овој споменик е изграден за 200 000 евра, а негово подигнување изминативе денови беше честа тема во јавноста.

Министерството за транспорт и врски, наспроти тврдењата на локалните власти, негираше дека била побарана дозвола од нив, додека од Министерството за култура се оградија наведувајќи дека надлежноста според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, надлежни се Собранието или единиците за локална самоуправа.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Меџити и Алиу до Груби: „Престани со заканите, одмори неколку дена, сфаќам дека ти е крајот, но барем покажи ја машкоста!“

Разрешените министри за здравство, Фатмир Меџити и информатично општество и администрација Азир Алиу на своите Фејсбук профили упатија…