Врховниот суд ја укина пресудата за наркотици за Васо, дали ќе влијае на пресудата за прегазувањето на Фросина

Врховниот суд ја укина пресудата од 3 години и 10 месеци затвор за Васил Јованов заради поседување марихуана и кокаин донесена од скопскиот апелационен суд. Тој според одлуката, иако имал обврска да ги извести Јованов и неговиот адвокат за денот на одржување на седницата, не го сторил тоа, и во нивно отсуство ги разгледал жалбите.

„Второстепениот суд, не ги известил обвинетиот и неговиот бранител за одржување на седницата, иако, такво барање било истакнато во жалбата изјавена од обвинетиот. По ценка на Врховниот суд, со ваквиот начин на постапување од страна на Апелациониот суд, сторена е повреда на одредбите на криивчната постапка во жалбената постапка, правото на еднаквост на оружјата и правото на правично судење“, се вели во одлуката на Врховниот суд.

Предметот се нашол пред врховните судии по барање за вонредно преиспитување на пресудата од Апелација донесена во февруари. Судот ја преиначил пресудата на скопскиот кривичен суд според која Васил зараади поседување на 24 грама марихуана и 0,24 грама кокаин требало да оди во воспитно поправен дом.

Му одредил затвор во траење од 3 години и 10 месеци. Токму оваа пресуда беше посочена како отежитлена околност при одредувањето на казната за сообраќајката во која загина Фросина.

Овој факт и доказ може да биде причина првостепената пресуда за сообраќајката која не е правосилна да биде преиначена.

Одлуката за укинување на пресудата од Врховниот суд била донесена на петти на овој месец, три дена пред Васил да седне на обвинителната клупа.

Сега предметот е повторно во Апелација кој доби задолжение да одржи јавна седница.

„При повторното постапување, второстепениот суд е должен да одржи јавна седница, за која уредно ќе ги извести јавниот обвинител, бранителот на обвинетиот и обвинетиот, односно ќе го обезбеди присуството на обвинетиот доколку истиот е на издржување на казната затвор или издржува мерка притвор, по што ќе бидат исполнети условите судот да донесе правилна и законита одлука“.

Васил Јованов вчера беше осуден на затвор од 12 години заради сообраќајката на Партизнаска во која згина 22 годишната Фросина Кулакова. Во пресудата наведено беше дека и покрај бројните сообраќајни прекршоци но и пресудата за поседување дрога не го преиспитал своето однесување и кобната ноќ седнал зад управувачот и директно удрил во девојката којаминувала на пешачки премин.

Total
0
Shares
Related Posts